Македонија нема друга опција: Денеска победа во Естонија, а потоа „фешта“ во Скопје против Литванија

Ракометната репрезентација на Македонија е голем фаворит за победа на денешното гостување на Естонија во рамките од петтото коло во квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се игра следната година.

Естонија е селекција која е без шанса за место на континенталниот собир. Тие имаат шест порази во последните шест дуели кои ги омаат одиграно. Ако се погледне и традицијата во меѓусебни дуели, Македонија има четири победи и само едно реми во петте досегашни пресметки со овој ривал.

„Следат два важни натпревари на коишто со две победи повторно ќе одиме на големо натпреварување. Ни претстојат Естонија и Литванија, со квалитетот и искуството што го имаме, на крајот би требало да биде пресудно за позитивен резултат за двата натпревари. Секако дека од нас се очекуваат победи, знаеме Естонија што го одигра последниот меч со Литванија дека беше добар. Првиот меѓусебен меч со Естонците понуди голови. Одиме чекор по чекор. Прво треба да одиграме добар меч со Естонија, а потоа во Скопје пред полна сала да ги пречекаме Литванците“, вели еден од најискусните во составот на Македонија, пикерот Жарко Пешевски.

- Оглас -

Најнови вести