Македонија го доби домаќинството за младинското ракометно СП за жени

Ракометната федерација на Македонија ќе биде домаќин на Светското првенство за жени до 20 години во 2024 година. Вкупно 32 репрезентации ќе се играат на нашите простори, а се предвидува дека натпреварите ќе се одржат во Скопје, Струмица и Охрид, претежно ќе се одвиваат во главниот град.

Интернационалната ракометна федерација ѝ додели на Македонија да организира уште едно големо натпреварување откако во минатото со голем успех се одржуваа првенства од светски и европски размери. Веќе е познато дека ќе бидеме кодомаќини со Словенија и Црна Гора за сениорското ЕП за жени во 2022 година.

Меѓу другото, РФМ поднесе уште три кандидатури, за СП на кадетки во 2024 година, односно СП за кадети и младинци во 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести