Македонија Ѓорче Петров немаше сили за изненадување во Софија (видео)

Македонија Ѓорче Петров загуби со убедливи 0-4 во реваншот против ЦСКА Софија во второто коло од квалификациите во Лигата на конференции. По ремито без голови од пред една недела, бугарскиот состав го искористи домашниот терен и максимално ги искористи шансите за погодок.

ЦСКА имаше пет во рамките од голот, четири од нив завршија во мрежата на Стевковски. За водство по половина час игра погоди снаодливиот Матеј, искористувајќи ја мешаницата во шеснаесетникот при корнер на домаќините.

Голот за 1-0 во корист на ЦСКА можете да го видите ТУКА.

Голот на Јомов во 61-вата минута стигна откако фудбалерите на Ѓорче бараа начин како да израмнат, по што следуваше контранапад и разрешување на дилемите во натпреварот. Во завршните 15-тина минути стрелаа Туфедџиќ и Назон за конечни 4-0 во корист на тимот од Софија.

- Оглас -

Најнови вести