Македонија – Грција во „Парк“

Ракометната федерација на Македонија во ЕХФ ја пријави салата „Парк“ во Струмица како место за одигрување на мечот против Грција кој е клучен околу пласманот на Европското првенство во 2020 година. Мечот е закажан на 16 јуни, од 18 часот.

Иако претходно беше најавено дека Скопје ќе биде домаќин на последниот домашен меч од циклусов, сепак дојде до промена и на сајтот на ЕХФ фигурира Струмица како место каде што ќе се игра мечот.

Нашиот ракометен национален тим во Струмица играше во 2013 година, а сега струмичани ќе гледаат важен меч на којшто треба да се слави пласманот на ЕП.

Во првиот меѓусебен дуел во Кожани, Македонија неочекувано загуби од јужните соседи, па во Струмица ќе треба да се реваншира за тој срам од почетокот на квалификациите.

- Оглас -

Најнови вести