Македонија играше на ЕП и падна за 10 места на ФИФА ранг-листата

Македонија падна за десет места на ФИФА ранг-листата по настапот на Европското првенство и сега е на 72-та позиција во конкуренција на сите фудбалски репрезентации на светот.

Падот е голем по трите порази што ги доживеавме во првото и историско учество на големо натпреварување и ова е најлошиот ранкинг во последните две години.

Работите можат да се поправат со добри настапи во септемвриските квалификации за настап на Мундијалот во Катар, кога ќе играме три меча, против Ерменија и Романија на домашен терен и со Исланд на гости.

На првото место се уште е Белгија, пред Бразил, кој се проби на втората позиција и Франција која падна за едно скалило. Во Топ-10 се и Англија, европскиот првак Италија, потоа и новиот јужноамерикански шампион Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и САД.

Од нашите ривали во Ц групата за настап на Светското првенство во Катар, најдоброрангирана е Германија на 16. место. Романија која ќе ни биде противник на 8. ссптември во Скопје се наоѓа на 45. позиција, а Исланд на кого ќе му гостуваме на петти септември е на 53. место.

Зад нас се Ерменците кои ќе ни бидат гости на 2. септември, но и се лидери по три кола во Ц групата. Тие се 88-ми на ФИФА ранг-листата.

Аутсајдерот Лихтенштајн е на 189. скалило на ранг-листата на ФИФА што е објавена денеска.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести