Македонија има спремни момци за да ги приземји Летечките Финци (Фотогалерија)

Подготовките за пријателскиот меч со Финска се во завршница и на два дена до почетокот на тестот со ривалот што ќе ни гостува во Скопје, нашите репрезентативци со оптимизам најавуваат победа.

Алиоски вели дека на секој меч Македонија оди на победа, без разлика дали се работи за пријателски дуел или не, а во исто расположение се и останатите репрезентативци.

Голем дел од нив имаа одличен викенд, а посбено расположени беа стрелците Елмас, Барди, Несторовски, Миовски, голови во Србија дава и Мирчевски, имаме и домашни адути и добра дефанзива со топ-голман, Столе Димитриевски од Ла Лига, па на овој меч сме фаворити.

Елмас, кој сè уште е меѓу најмладите наши репрезентативци, а има огромно искуство од две Европски првенства и настапи во големи клубови, како Фенербахче и Наполи, ќе ни биде главен адут за триумф против Финците задутре и три дена подоцна против Азербејџан.

Во А селекцијата се врати Илија Несторовски, камбек прават и браќата Бабунски, дебитант е Мирчевски, а Македонија има многу адути со кои може рамноправно да бие битка на фудбалскиот терен.

Со Финците играме на 17 ноември од 18 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Билетите веќе се во продажба по цена од 150 и 200 денари, колку што е цената и за мечот со Аџербејџан на 20 ноември исто така во Скопје, но со почеток од 14 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести