Македонија ќе игра во А-дивизијата, младинците билетот за елитата го обезбедија со триумф над Украина

Кошаркарската репрезентација на Македонија со 20 години на следното Европско првенство ќе игра во А-дивизијата. Младинците вечерва ја совладаа Украина со 66:53 и се пласира во финалето на Европското првенство Б-дивизија кое се игра во Скопје, и го извадија билетот за елитната дивизија.

Избраниците на селекторот Никола Василев беа подобри во текот на сите 40 минути, Украинците освен воведното водство, последен пат водеа во седмата минута со 6:8. До крајот на првата четвртина, Македонија направи серија 9:0 за 15:8.

Во втората четвртина, Украинците пријдоа на три поени негатива (24:21), но, со мини-серија од 4:0, Македонија го врати водството од седум поени.

Во третата четвртина, во 22-та минута, Македонија дојде до најголеми дотогаш, плус 13 (43:30). Предноста ја одржуваа до крајот за победа од 66:53 и пласман во финалето, како и пласман во А-дивизијата.

Резарт Мемед беше фантастичен со 24 постигнати поени, а добра партија одигра и Амар Хот кој даде 12 поени и имаше 11 скока.

Македонија во финалето ќе игра со победникот од второто полуфинале во кое од 21 часот ќе играат Чешка и Шведска.

- Оглас -

Најнови вести