Македонија ќе има мотив плус – Да се изненади Полска пред повеќе од 50 илјади гледачи

Македонските репрезентативци ретко играат пред 50-илјадна публика, а според најавите на полските медиуми, утре ќе имаат шанса да почуствуваат и таква величенствена атмосфера, на националната арена во „Варшава“, на мечот против домашната селекција од 20.45 часот.

Полските медиуми објавија дека сите билети се веќе продадени, што е стандард кога Полска игра на свој терен, без разлика на градот и стадионот на кој настапува.

Тоа значи дека ќе има повеќе од 50 илјади публика, а секако ќе има и наши навивачи, кои ќе дојдат да ја поддржат Македонија во обидот да се приреди подвиг и со позитивен резултат да се остане во трката за пласман на ЕП 2020 година.

Полјаците ги одиграа сите три меча на домашен терен во овие квалификации на истиот стадион, во главниот град и на сите три имаше над 50 илјади публика.

Рекордна во овој циклус беше посетата од 57.229 луѓе на дуелот со Израел, што Полска го доби со 4:0. Ремито без голови со Австрија од трибините го следеа 56.778 луѓе, а со Летонците беа присутни 51.112 навивачи на лидерот во нашата група.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести