Македонија – Косово нема да се игра ниту во септември?!

Бараж натпреварите за пласман на Европското фудбалско првенство, меѓу кои и оној помеѓу селекциите на Македонија и Косово кој треба да се игра во септември во Скопје, е на пат повторно да се одложат. УЕФА планира полуфиналните плејоф дуели од Лигата на нации да се одржат во текот на октомври, најавуваат англиски медиуми, потпирајќи се на извори од европската куќа на фудбалот.

Дуелот Македонија – Косово требаше да се игра на 26 март, но беше одложен. Потоа се одреди 4 јуни, но и тој датум пропадна, па сега нема конкретен датум, но се најавуваше почетокот на септември, како прв слободен термин. Следуваа најави дека полуфиналето и финалето нема да бидат во иста недела, а веројатно тоа ќе биде така.

Одложувањето на ЕП за следната година, дава простор за дополнителни поместувања и одложувања, па сега од УЕФА се најавува дека најверојатно последните четири патници за Еуро 2021 ќе се знаат во ноември, но полуфиналните пресметки би се играле во октомври.

Голема е веројатноста овие мечеви да се играат без публика. Ако биде така, Фудбалската федерација на Македонија ќе треба да враќа пари за оние навивачи кои ги купија 38-те илјади билети.

- Оглас -

Најнови вести