Македонија мора да брка победа против Исланд

Македонија веќе нема што да калкулира. Утре попладне на дуелот против Исланд, избраниците на селекторот Раул Гонзалес мора да победат ако сакаат да завршат на третото место во групата, кое води во главната групна фаза.

По досегашните четири одиграни меча, Хрватска и Шпанија се со максимални четири победи, додека Македонија и Исланд имаат по два триумфа и два порази. Сепак, Исланд е пред Македонија, и тоа поради подобрата гол-разлика. „Рибарите“ имаат позитива од 11 голови, додека нашите ракометари се со негативна гол-разлика од шест погодоци, а тоа значи само едно.

Македонија утре мора да брка победа против Исланд. Нерешено не одговара бидејќи на тој начин двете селекции ќе имаат по пет бода, но Исланд ќе остане на третото место, а Македонија ќе заврши четвртопласирана и ќе извиси за место во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести