Ќе мора да се внимава по изјавата на Руни: Роналдо ми призна дека обожава да симулира

Кристијано Роналдо и Вејн Руни долги години ја делеа соблекувалната во Манчестер јунајтед и осовија сè што можеше да се освои.

Но, тие двајца беа големи ривали на репрезентативно ниво, а особено привлече внимание средбата меѓу Англија и Португалија во четврт-финалето од Светското првенство во 2006 година во Германија.

Таму Руни доби црвен картон во 61-вата минута, а европските кариоки славеа по подобро изведување на пеналите.

„Роналдо во тоа време беше премногу добар на теренот, но и премногу досаден. Зборував со него во тунелот и му кажав дека не сум му лут и покрај тоа што во првото полувреме тој симулираше во неколку наврати, на што Роналдо само ми кажа ‘обожавам да симулирам’.

Кога играв против него, тој не беше мој пријател и гајле ми беше што ќе му направам, но надвор од теренот тој е навистина добра личност“, изјави Руни.

Ова е своевидно предупредување за нашите репрезентативци бидејќи Кристијано Роналдо е име во светскиот фудбал и многу често му се досудувани фаули, па и пенали коишто воопшто не требале да бидат свирнати.

- Оглас -

Најнови вести