Македонија може да му ја заврши кариерата на Кјелини, Џорџо ќе се повлече ако Италија не игра на СП!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Италија, Џорџо Кјелини, кому договорот со Јувентус му истекува во јуни 2023 година, можеби ќе ја заврши кариерата една година порано.

„Многу работи зависат што ќе се случи во март“, најавил Кјелини, кој има 37 години.

Кјелини најавува дека ќе престане да игра фудбал доколку Италија не се пласира на Мундијалот во Катар. Ова значи дека македонската репрезентација има прилика со победа над Аѕурите да му ја заврши кариерата на искусниот дефанзивец.

Кјелини летоска потпиша двегодишен договор со Јуве затоа што се надеваше дека ќе игра на Мундијалот во Катар во ноември и декември 2022, па во летото 2023 да се пензионира. Но, Италија си ја искомплицира работата во квалификациите и ќе има тешка задача во баражите.

Ако евентуално ја победат Македонија во Палермо, потоа ќе треба да слават и на гости кај Португалија или Турција.

 

- Оглас -

Најнови вести