Македонија на чуден начин загуби од БиХ, дали топката целосно ја помина гол-линијата? (Фото+Видео)

Македонската футсал репрезентација со 2:3 загуби на свој терен од Босна и Херцеговина во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство. За Македонија ова е трет пораз и со само две нерешени средби, остана на последното место на табелата, со теоретски шанси за место на континснталната завршница.

Босанците први погодија и тоа преку Јосип Сесар во 13 минута, што беше единствен погодок во првото полувреме.

https://streamable.com/v1qtc6

На стартот од вториот дел, израмнивме преку капитенот Дарко Ранготов во 23 минута. Нерешено беше се до четири минути пред крајот, а потоа следуваше драматична завршница.

Во 36 минута Мирко Хркач погоди за 2:1 а гостите, па Македонија реши да напаѓа со екстра играч во поле. Тоа се исплатеше и во 39 минута, Јакуп Рамадан со гол ја заврши одличната акција.

https://streamable.com/r3ppz1

Кога делуваше дека мечот ќе заврши 2:2, Босна и Херцеговина во последниот напад стигнаа до победа.

На 12 секунди до крајот, Јелиќ шутираше, нашиот голман за кратко ја испушти топката, а потоа ја собра во своите раце. Молдавскиот судија Бугенко оцени дека топката ја поминала гол-линијата со целиот обем и досуди погодок за БиХ, што беше доволно за победа од 3:2.

https://streamable.com/zdji12

За Босна и Херцеговина ова е петта победа во исто толку дуели од квалификациите.

- Оглас -

Најнови вести