Македонија не им се плаши на европските прваци – Билансот ни е без пораз на гостински терен, завршната сметка за Катар се прави во март (Видео)

Интересно е што и покрај тешката ждрепка, Македонија во улога на аутсајдер нема што да загуби ниту против Италија во полуфиналниот бараж на 24. март за пат во Катар, ниту во евентуалното финале против Португалија, ако Роналдо и соиграчите ја елиминираат Турција на свој терен.

Досега против двата последни европски прваци немаме пораз на гостински терен ниту од Италија, која е актуелен европски првак, ниту од Португалија, селекција која беше владетел на европскиот трон пред Аѕурите.

Со Италија ремизиравме 1:1 во Торино во 2017 година во меч за квалификациите за Мундијалот во Русија во 2018 година.

Тогаш Кјелини погоди за Аѕурите, а Трајковски израмни на 1:1, а Македонија играше одлично и можеше дури и да победи.

Со Португалија игравме пријателски меч на гости во 2012 година и Роналдо и соиграчите не успеаа да победат, а мечот заврши без голови.

Со Турција имаме два порази и едно реми на гостински терен, а интересно е што нерешениот резултат, 3:3 во 2001 година е единственото гостување во квалификации за СП кај можниот ривал во финалниот бараж, на кој Македонија пак би гостувала во Турција.

- Оглас -

Најнови вести