Македонија од 71-та позиција ја чека Летонија на стартот од квалификациите за ЕП

Македонија е на 71-та позиција на ранг-листата на ФИФА, со пад за три места во однос на претходното рангирање, а интересно е што нема ниту една промена на местата во топ 20.

Веќе неколку месеци по ред нашата селекција беше на истата позиција со број 68, но сега како 71-рангирана ќе го почне квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2020 година, и тоа со меч против Летонија на 21-ви март во Скопје.

Летонците напредуваа за едно место и сега се 131. на ФИФА листата. Највисоко рангирана репрезентација од нашите ривали во Г групата е Полска на 20-тото место. Австрија е три места зад Полјаците, а следат Словенија на 63-та позиција, па Македонија како 71-ва, Израел на 92-то скалило и Летонија на 131-та позиција.

Во топ 10 лидер е Белгија пред светскиот првак Франција, Бразил, Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија и Шпанија и Данска.

- Оглас -

Најнови вести