Македонија од третиот шешир на 6. мај ја чека ждрепката за ракометното ЕП

Македонија од третиот шешир ќе ја чека ждрепката за ракометното Европско првенство во Унгарија и Словачка идната година. ЕХФ ќе ги одреди групите на 6. мај на извлекувањето од 17 часот.

Нашите ракометари не можат да бидат во иста група со една од најдобрите селекции на светот, Франција, потоа и со Словачка, Белорусија, Исланд и Чешка.

Еве го составот на сите четири шешири:

ПОТ 1: Шпанија, Норвешка, Хрватска, Словенија, Германија, Португалија.

ПОТ 2: Шведска, Унгарија, Русија, Данска, Србија, Австрија.

ПОТ 3: МАКЕДОНИЈА, Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција.

ПОТ 4: Холандија, Црна Гора, Украина, Полска, Литванија, БиХ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести