Македонија од третиот шешир ќе ја чека ждрепката за Лигата на нациите

Македонската фудбалска репрезентација од третиот шешир ќе ја чека февруарската ждрепка во Париз за Лигата Ц од Лигата на нациите. Македонија е најдоброрангирана од четирите селекции во третиот шешир и за малку не се најдовме во вториот, што ќе беше поволна ситуација.

Во првиот шешир во Лига Ц ќе бидат Романија, Шведска, Ерменија и Луксембург, во вториот Азербејџан, Косово, Бугарија и Фарски Острови, во третиот Македонија, Словачка, Северна Ирска и Кипар, а во четвртиот Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија и Летонија.

Мечевите од новата сезона во Лигата на нациите почнуваат во септември 2024 година. Првиот од групата оди во поквалитетната Лига Б, вториот ќе игра бараж за место во Лига Б, третиот останува во Лига Ц, а последниот се соочува со можно испаѓање во Лига Д.

 

 

- Оглас -

Најнови вести