Во квалификациите за ЕП 2020 Македонија почнува со најслабиот ривал на свој терен

Македонија денеска ги доби ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година, а веќе се знае и распоредот на мечевите. Полска, Австрија, Словенија, Израел и Летонија се противниците на нашата најдобра селекција.

Според распоредот кој беше направен, Македонија првиот меч ќе го игра на домашен терен против Летонија на 21-ви март. Во забрзан ритам ќе се играат овие квалификации, кои ќе завршат на 19-ти ноември. По дуелот со Летонија, распоредот е:

24. март 2019 Словенија – Македонија

7. јуни 2019 Македонија – Полска

10. јуни 2019 Македонија – Австрија

5. септември 2019 Израел – Македонија

9. септември 2019 Летонија – Македонија

10. октомври 2019 Македонија – Словенија

13. октомври 2019 Полска – Македонија

16. ноември  2019 Австрија – Македонија

19. Ноември 2019 Македонија – Израел

- Оглас -

Најнови вести