Македонија против Финска ја има третата најлоша гол-разлика во историјата

Македонската фудбалска репрезентација од 18 часот на арената „Борис Трајковски“ е домаќин на Финска во пријателски меч. Дуелот против Финска и тој три дена потоа со Азербејџан треба да се последни контролки за Македонија пред стартот на квалификациите за Европското првенство 2024 година во март следната година.

Според квотите во Sport Life, Македонија е фаворит за победа против Финска, но традицијата и лошата форма на нашата селекција велат дека нема да биде воопшто лесно. Македонија загуби четири од последните пет средби, а и меѓусебниот дуел против Финска не е за фалење.

Финска петпати била ривал на Македонија, а нашите фудбалери имаат само една победа (1:0), едно реми (0:0) и дури три порази (5:1, 3:0, 3:0). Вкупната гол-разлика ни е само два дадени и дури 11 примени гола.

Ако се видат резултатите на Македонија во однос со сите останати селекции против коишто играла досега, против Финска ја имаме третата најслаба гол-разлика, односно сме во минус девет гола. Само против Словачка и Шпанија имаме послаба гол-разлика од таа со Финска. Против Словачка имаме гол-разлика од минус 13, а против Шпанија сме во минус од дури 16 гола.

- Оглас -

Најнови вести