Македонија во група со Грција во борба за пласман на СП

Женската македонска ракометна репрезентација ќе игра против Исланд, Литванија и Грција во квалификациите за пласман на Светското првенство 2021 година. Овие квалификации ќе се играат турнирски од 27 до 29 ноември и од 4 до 6 декември.

Двете најдобропласирани селекции во групата ќе обезбедат место во баражот, кој ќе се игра на принципот дома – гости во април следната година.

Мундијалот во Шпанија е предвиден да се игра од 1 до 19 декември 2021 година. Ова ќе биде прво СП во женската конкуренција на кое учество ќе земат 32 репрезентации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести