Македонија го победи Израел со 1:0 и со 14 бодови заврши како третопласирана во квалификациите за пласман на ЕП 2020. Иако оваа позиција не носи пласман на завршницата на континенталниот собир, триумфот е само потврда дека Македонија има квалитет и сила преку бараж-дуелите од Лигата на нациите да стигне до историско прво учество на големо натпреварување.