Македонија против Швајцарија е перфектна и има пет од пет

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе ги затвори успешните квалификации за пласман на Европското првенство. На гости во Скопје е Швајцарија, селекција која нема да биде дел од следниот континентален собир. Македонија со 4 победи и само еден пораз од Данска ќе биде сигурно втора во групата, а овој меч против Швајцарија треба да се одигра, како што вели селекторот и капитен Кирил Лазаров, за своја душа. Дуелот се игра во 18 часот во салата „Јане Сандански“.

Македонија против Швајцарија досега има играно пет пати во последната декада и во сите пет средби се радуваше на победа. Последен пат бевме подобри на гостински терен и тоа во ноември минатата година со 25:23.

меѓусебни дуели на Македонија и Швајцарија во последната декада

07.11.2020 година: Швајцарија – Македонија 23:25

10.06.2015 година: Швајцарија – Македонија 17:26

29.10.2014 година: Македонија – Швајцарија 27:20

12.06.2013 година: Швајцарија – Македонија 22:27

31.10.2012 година: Македонија – Швајцарија 30:24

- Оглас -

Најнови вести