Македонија реши да се чува за Исланд

Поразот од Шпанија од 21:32 не е толку болен, бидејќи калкулациите кажуваат дека утре, од 18 часот мора да се совлада Исланд за пласман во следната фаза на Светското првенство, но можеби начинот на којшто се предадовме во второто полувреме по одличното прво, дава причина за незадоволство кај фановите. И по седмиот меѓусебен дуел против Шпанија, имаме седум порази.

Откако Македонија беше одлична и губеше само со 12:13 по првите 30 минути, серијата од 5-0 на Шпанија на стартот на второ полувреме покажа „колку е часот“, одеднаш „црвената фурија“ во 33-тата минута се одлепи на плус шест и сè беше готово.

Пешевски со 6 гола беше најефикасен во македонскиот тим, капитенот Лазаров даде пет, сите во првото полувреме, а Кузмановски заврши со 4.

Резервистите добија шанса да играат меч против актуелниот европски првак и да собираат искуство. Беше јасно дека Македонија ќе биде поразена од Шпанците и прашање беше само со колкава разлика ќе заврши мечот, но добро е што одморија главните играчи пред утрешниот најважен меч со селекцијата од островската земја на северот на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести