Игор Иџе Стефановски одмора од обврските во ЕТЦЦ шампионатот, кој исто така е во застој поради пандемијата со корона-вирусот. Додека чека сезоната да почне, Иџе на социјалните мрежи реши да го открие дизајнот на новата заштитна кацига која ќе ја носи во текот на оваа година.
Како и со останатите дизајни, македонското знаме преовладува на задниот дел од кацигата, а двократниот европски со голема гордост ја претставува својата земја.