Македонија скокна за две места, сега сме 69-ти на листата на ФИФА

Макединската фудбалска репрезентација напредуваше за две позиции на најновата ранг-листа на ФИФА и сега сме на 69-тата позиција.

Победата против Летонија и ремито со Израел во спетемврискиот блок на квалификациски мечеви за пласман на ЕП ни донесе прогрес.

На врвот остана Белгија, сега пред светскиот првак Франција, селекција која го смени местото со Бразил. Зад нив се: Англија, Португалија, Уругвај, Шпанија, Хрватска, Колумбија и Аргентина во топ-10.

Од нашата група Г, најдоброрангирана е Полска на позиција број 22, пред Австрија, која е 27-ма светска фудбалска сила според ранкингот на ФИФА. Пред нас е и Словенија на 58-мото место, а зад нас се Израел како 86-ти, Косово на 119-тото скалило и Летонија, која е 139-та.

- Оглас -

Најнови вести