Македонија со 15 разлика победи една африканска селекција, а сега е аутсајдер против друга

Македонската ракометна репрезентација денеска го игра вториот меч од групата во Президент купот, а противник е Тунис. Во првото коло од овој утешен куп на Светското првенство, Македонија со убедливи 40:25 го победи Алжир, што е највисок триумф на нашата селекција во историјата на Мундијалите.

И покрај таа рекордна победа над Алжир, според коефициентите во Sport Life, Македонија сега е со помали шанси за победа. За триумф на Тунис, квотата е 1.60, а избраниците на селекторот Кирил Лазаров да се радуваат се вреднува со коефициент 2.85.

Македонија и Тунис досега играле пет пати, а нашата селекција има две победи, додека африканците се радувале три пати. Последен пат се сретнале на СП во 2017 година кога Македонија победи со 34:30. Доколку верувате дека и сега нашите ќе бидат подобри, убава е квотата за „кец“.

- Оглас -

Најнови вести