Македонија со минимален триумф се одјави од квалификациите

Македонија со победа над Швајцарија со минимални 29:28 ги завршија квалификациите за Европското првенство 2022, за кое од претходно тимот на Кирил Лазаров го обезбеди пласманот.

Гостите отворија со два гола на кои одговорија Пешевски и Талески, по што држевме водство од 4-3 пред Швајцарците да ја преземат иницијативата и во три наврати имаа највисока предност од три гола. Стоилов пред паузата израмни на 16-16 и во исто темпо двете селекции продолжија во второто полувреме.

Гостите цело време чуваа предност од еден гол, но Кузмановски влезе во мини-серија од два гола со кои Македонија поведе и на седум минути до крајот првпат оствари предност од два гола. Георгиевски со одличен лоб донесе највисоко водство од +3, што беше најава дека нашиот национален состав ќе ја запише петтата победа во квалификациите.

Лазаров и Кузмановски со по шест гола беа најефикасни од домашниот тим, кај Швајцарците Рубин се истакна со девет погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести