Репрезентацијата на Панама доживеа убедлив пораз од Бразил со 6:2 во пријателскиот натпревар. Избраниците на Карло Анчелоти уште од самиот почеток покажаа голема надмоќ, а резултатот беше отворен уште во првата минут,а кога погоди Винисиус.
Панама накратко се врати во игра со брзо израмнување, но потоа следуваше вистинска голеада на Бразил. Во листата на стрелци се запишаа Касемиро, Рајан, Лукас Пакета, Игор Тијаго и Данило Сантос за конечни 6:2.
🚨 Panamanian players are having their photos taken with Neymar Jr one by one.pic.twitter.com/cDDgMxQTZE
— Goals Xtra (@GoalsXtra) May 31, 2026
Најголемата бразилска ѕвезда Нејмар не настапи на натпреварот бидејќи сè уште закрепнува од повреда, па целиот меч го проследи од клупата за резерви.
Сепак, токму тој беше во центарот на вниманието по последниот судиски свиреж. Фудбалерите и членовите на стручниот штаб на Панама веднаш се упатија кон Нејмар, чекајќи трпеливо ред за фотографија со легендарниот Бразилец.
Сцените уште еднаш потврдија колку е голема популарноста на напаѓачот, кој и покрај честите повреди и осцилации во формата во последните години, останува една од најпрепознатливите личности во светскиот фудбал.
И покрај проблемите со повредата, Карло Анчелоти го вклучи Нејмар во составот на Бразил за Светското првенство, а очекувањата се дека ќе биде подготвен за настап уште во почетната фаза од турнирот.

