Македонија трепери, УЕФА го одреди возниот ред – Прво ќе ги дознаеме ривалите во баражот за СП, потоа и дали ќе бидеме домаќини во евентуалното финале

Македонија е во исчекување на ждрепката за дополнителниот бараж за пласман на Мундијалот во Катар што ќе се одржи денеска во Цирих, Швајцарија.

Со нетрпение се очекува стартот на церемонијата, а редоследот што го одреди УЕФА е интересен.

Прво ќе бидат познати можните двојки и во полуфиналето и во финалето, а потоа повторно со ждрепка ќе се одреди кои репрезентации би биле домаќини во евентуалното финале.

Македонија сигурно ќе гостува на првиот меч на 24 март бидејќи сме во групата на неносители, а можни ривали ни се Италија, Португалија, Русија, Шкотска, Велс и Шведска.

Ќе бидат формирани три групи со по четири селекции, а ако го минеме полуфиналето, во завршнито нокаут-меч можеме да бидеме и домаќини.

Тоа на крајот на денешната церемонија во Цирих ќе се одреди со ждрепка, а шансите се подеднакви за сите шест финалисти.

Финалните три баражи ќе се играат на 29 март, а се надеваме дека Македонија ќе биде една од шесте репрезентации што ќе останат во игра и во таков случај би било идеално да бидеме домаќини на нокаут-мечот за пласман на прво Светско првенство.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести