Македонија У21 оди на победа во клучниот меч

Младата фудбалска репрезентација на Македонија в четврток ќе го игра можеби клучниот меч од квалификациите за пласман на Европско првенство. Нашите надежи гостуваат кај Казахстан, во меч на кои двете селекции се со подеднакви шанси за второто место во групата. Казахстан има 7 меча и 10 бода, а Македонија е со 10 бода од шест средби.

Во првиот меч на овие две селекции, Македонија киксираше на свој терен и одигра само 1:1 против Казахстан, иако нашите надежи ја имаа фаворитската улога. Сега грешката од првиот дуел треба да се поправи на гостински терен. Димитар Митровски е еден од клучните играчи во нашиот состав, а тој е уверен во позитивен резултат.

„Многу важен натпревар за нас, клучен можам да кажам. Ние мора да бидеме подготвени. Очекувајте мотивирана, подготвена Македонија за овој дуел, како што впрочем го правиме тоа секогаш кога доаѓаме на собир на репрезентацијата. Можевме многу подобро на тој прв меч против Казахстанците на домашен терен, пропуштивме доста шанси, а сега со селекторот ќе направиме добра анализа, ќе увидиме каде ни се грешките и ќе одиграме максимално и на победа“, вели Митровски.

- Оглас -

Најнови вести