35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Македонија утре рано наутро го чека првиот медал од ЛОИ во Токио

Дејан Георгиевски, кој го носеше знамето на отворањето на Олимписките игри во Токио, утре рано наутро пред 7 часот, треба да се бори против светскиот првак Рафаел Алба од Куба во таеквондо, во категоријата до 80 килограми.

Токму Георгиевски е нашиот главен адут дека Македонија може да освои медал на Игрите во Токио.

„Ова е турнир каде што се најдобрите 16. Конкуренцијата е пеколна. Со повеќето сум се борел и ги имам победувано, ме имаат победувано. Сигурен сум дека може да победам секого. Ветувам дека ќе донесам медал. Тоа е спорт, но со Господ напред и здравје, па да ја израдувам нашата држава со медал“, беше пораката на Георгиевски пред патувањето во Токио.

 

- Оглас -

Најнови вести