Македонија верува во своите јунаци – Ракометарите се подготвени за подвиг на ЕП (Фото)

Селекторот Кирил Лазаров предводи експедиција од 21 ракометар што ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство од 13 до 30 јануари, а нашиот најдобар играч на сите времиња ќе има двојна улога, да командува од клупата, но и да помогне на терен.

Македонската репрезентација со чартер-лет денеска во 14.10 часот ќе патува за Дебрецин, каде што во првата фаза по групи ќе игра со Словенија на 13 јануари, потоа со Црна Гора два дена подоцна и со Данска на 17 јануари.

Голем проблем за Македонија е што во последен миг поради позитивен тест на Ковид-19 од списокот со ракометари што ќе играат на ЕП отпадна голманот Никола Митревски.

Сепак, Македонија има и континуитет на големите натпреварувања и искуство и квалитет, па иако не е фаворит во групата, очекува добар резултат.

 

 

- Оглас -

Најнови вести