КОНЕЧЕН СПИСОК ЗА ЕП – Лазаров остана без голманот Никола Митрески

Македонскиот селектор Кирил Лазаров го објави конечниот список на ракометари за настапот на Европското првенство што ќе се игра од 13 до 30 јануари.

По последното тестирање за ковид-19, Македонија остана без голем адут и голманот Никола Митрески нема да игра на шампионатот.

За Дебрецин денеска малку по 14 часот нема да патуваат и Кизиќ, Ојлески, Младеновиќ и Велковски, кој е повреден.

Во првата фаза во Дебрецин ќе играме со Словенија на 13 јануари, потоа со Црна Гора два дена подоцна и со Данска на 17 јануари.

КОНЕЧЕН СПИСОК ЗА ЕП:

ГОЛМАНИ: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски

ЛЕВИ КРИЛА: Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски

ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Мишевски

ЦЕНТРАЛНИ БЕКОВИ: Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев, Горан Крстевски

ПИВОТИ: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Костадин Петров, Кристијан Симоновски

ДЕСНИ КРИЛА: Никола Костевски, Гоце Георгиевски

ДЕСНИ БЕКОВИ: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов

 

 

- Оглас -

Најнови вести