Македонија во „Борис Трајковски“ победувала и посилни селекции од Португалија, но секогаш е потребна помош од публиката

Македонската ракометна репрезентација е на собир за двата меча против Португалија во рамките од квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Ова се двете селекции коишто имаат по максимални четири бода по две одиграни кола во групата во која се уште и селекциите на Луксембург и Турција.

Португалија е фаворит за првото место во групата, но Македонија посебно кога игра на домашен терен пред свите навивачи во „Борис Трајковски“, може секого да изненади. Од денеска започна продажбата на билетите за мечот кој се игра на 9 март. Билетите се по симболична цена и чинат од 100 и 200 денари.

На ЕП место обезбедуваат најдобрите две селекции од секоја група, а селекторот Кирил Лазаров за двомечот против Португалија ќе биде со изменет тим од тој што играше на Светското првенство пред два месеца.

Во составот ги нема исусните Гоце Георгиевски и Дејан Манасков, а откажаа Филип Талески, Жарко Пешевски и Марио Танковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести