Фудбалската репрезентација на Македонија започнува нова ера. На бараж дуелот против Данска во Копенхаген на 26 овој месец, македонската репрезентација ќе биде во спортска опрема на фирмата „Адидас“.
Засега нема официјална промоција на новиот дрес, но од тоа што беше постирано на официјалната фејсбук страна на претседателот Масар Омерагиќ може да се забележи дека основата е жолта боја, а трите линии кои се заштитен знак на „Адидас“ се во црвена боја.

