Македонија води 13:11 против Исланд, само така да продолжи и во вториот дел

Македонската ракометна репрезентација го има посакуваното водство на полувремето против Исланд. Водиме со 13:11 и остануваат уште 30 минути за да стигнеме до третото место во групата, кое води во следната фаза од Светското првенство.

Исланд прв даде гол и поведе со 1:0, но потоа следуваше серија на Македонија за предност од 4:1 во седмата минута. Нашите ракометари во нападот играа „7 на 6“, а тоа им даде шанса на противниците да погодуваат на празна мрежа. На таков начин прецизни беа три пати по ред за 4:4.

Македонија повторно даде два гола за 6:4, но Исланѓаните не се збунија и за брзо време повторно израмнија на 6:6 во 15-тата минута. Во продолжение се играше гол за гол на двете страни, па во 24-тата минута беше 9:9. Потоа следуваше нова мини-серија на Македонија за водство од 11:9, а потоа и 12:10 во 28-мата минута. Освен во првата минута, кога Исланд поведе со 1:0, во остатокот на првото полувреме Македонија или беше во водство или резултатот беше израмнет.

Дејан Манасков и капитенот Кирил Лазаров дадоа по 4 гола и се најпрецизни во составот на селекторот Раул Гонзалес. Жарко Пешевски е со два погодоци од два шута, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа и Талески, Георгиевски и Филип Лазаров.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести