Македонија вторпат убедливо загуби од Романија и остана без пласман на СП

Женската ракометна репрезентација на Македонија не успеа да се пласира на Светското првенство откако по вторпат загуби од Романија во бараж-двомечот. Дуелот во „Јане Сандански“ беше само формалност, на кој гостите уште еднаш ја потврдија доминацијата, па по триумфот од 33:22 на првиот меч, денеска Романија се радуваше на победа од 35:20.

Македонија почна добро само во првите неколку минути, кога поведе со 3:1, а потоа следуваше целосна доминација на гостите, па веќе во 19-тата минута Романија имаше предност од 12:6. До полувремето, гостите ја зголемија предноста и по 30 минути заминаа со водство од 18:10.

Второто полувреме беше само формалност, во кое Романките продолжија во ист ритам, па стигнаа и до 13 позитива (30:17), а на крајот и до највисоки 15 гола предност и заслужено се радуваа на пласманот на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести