Македонка им судеше на Германија и Англија

Македонската фудбалска судијка Ивана Пројковска имаше чест да суди на натпреварот помеѓу Германија и Англија од Европското првенство за фудбалерки до 19 години. Шампионатот се игра во Шкотска.

Германките победија со 2-1, а Пројковска беше главен судија, додека помошничките беа од Литванија и Турција. Пројковска подели по еден жолт картон на двете страни, а доколку добие висока оценка за арбитражата, има добри шанси да суди и на завршницата, особено што доаѓа од неутрална земја која не е учесник на првенството.

Денеска е слободен ден на ЕП за јуниорки, но се играат мечеви на машкото ЕП во истата возрасна категорија.

- Оглас -

Најнови вести