Македонката Стрина Нина роди девојче, „татко“ е нејзината вереница и најголема ММА ѕвезда

Американската ММА борачка Нина Ансароф роди девојче со вештачко оплодување, а нејзина вереница е Бразилката Аманда Нунес, која е голема ѕвезда во ултимејт фајт. Нина и Аманда одамна се во љубовна врска, а лани решија да добијат дете и желбата им се исполни откако Нина пред некој ден роди ќерка.

За Нина е интересно што нејзиното вистинско презиме всушност е Ансарова и нејзините баба и дедо се од Македонија. Таа има 34 години и родена е во САД, па настапува како Американка.

Сепак, Нина не го крие своето потекло, нејзин прекар е „Стрина“, збор од македонскиот јазик кој одлично се римува со нејзиното име, а на стомакот има и тетоважа на која го има македонското знаме и во средина зборот Македонија.

- Оглас -

Најнови вести