Македонска битка ќе има за куп-пехарот во Унгарија – Муслиу и Ристевски ќе бидат ривали во финалето

Висар Муслиу со Фехервар ќе му биде ривал на Кире Ристевски и Вашаш во финалето на Унгарскиот куп што ќе се игра на 3 мај на „Пушкаш арената“ во Будимпешта.

Двајцата македонски репрезентативци и соиграчи во одбраната во дресот со националните бои на нашата земја на почетокот на идниот месец ќе играат еден против друг за вредниот пехар.

Ристевски со Вашаш успеа вчера да ја победи Кишварда со 1:0 на гостински терен, а вечерва во иста ситуација Фехервар успеа да го победи МТК, но со 2:1 на гостински терен и да си обзбеди финале.

За Вашаш ова ќе биде деветто финале во Уунгарскиот куп и можност да се освои петтиот пехар, а Фехервар играше шестпати и досега е двоен освојувач на титулата во Купот на Унгарија.

 

- Оглас -

Најнови вести