Македонска доминација: И Работнички растури во АБА2

По огромната победа на МЗТ Скопје против Ловќен, и Работнички славеше убедливо против вториот црногорски претставник, Сутјеска, со конечни 84:62. За Центарци ова е трета победа во АБА2 лигата со која прекинаа низа од четири порази, па сега тимот на Димитар Мираковски има 12 бода, исто колку и Ловќен на делба на 10-тото место.

Работнички од самиот почеток ја презеде контролата на мечот, а двоцифрената предност остварена уште во првиот период постепено ја зголемуваше за доминантно издание на скопскиот состав.

Хрватот Бундовиќ (18) и Словенецот Мулалиќ (17) како најефикасни играчи на средбата комбинираа 35 поени за Работнички, додека Младеновски беше блиску до двоен учинок со 9 поени и 8 скока.

Работнички во следното коло ќе се соочи со Широки Брег, меч во којшто Центарци со евентуална победа би излегле од плеј-аут зоната.

- Оглас -

Најнови вести