Македонската химна ечи во Норвешка во чест на европската шампионка Оливера Наковска-Бикова (Видео)

Оливера Наковска-Бикова е европска шампионка во стрелаштво во дисциплината 10 метри со воздушен пиштол. Битолчанката која беше единствена македонска натпреварувачка на Параолимписките игри во Токио го освои златото на Европското првенство кое се одржа во норвешкиот Хамар.

Наковска-Бикова во квалификациите била трета, но во финалето беше попрецизна од ривалките од Турција. За неа ова е втора европска титула, по онаа во 2001 година. Ова ЕП не е квалификациско за пласман на Параолимписките игри во Париз, но, секако, е голем успех и со нејзиниот тренер Бранимир Јовановски сигурно газат на патот кон новиот параолимписки циклус.

Интонирањето на химната на Македонија за време на прогласувањето може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести