Македонската репрезентација слета во Скопје, почнува мисијата за крај, да се победи Бугарија (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација пристигна од Тбилиси и играчите се веќе во Скопје, по поразот од Грузијците со 2:0 што ни ги уништи шансите за првото место во групата и настап во баражите за ЕП 2024 година и скок во Б сегментот од Лигата на Нации.

Сега ни останува да ја победиме Бугарија во понеделник за да го потврдиме второто место и да бидеме во четвртиот шешир за ждрепката за ЕП на 9. октомври.

Нашите репрезентативеци нема да имаат лесна задача на балканското дерби со Бугарија, која доаѓа во Скопје по победа што нив ќе ги смести во четвртиот шешир на ждрепката за ЕП 2024 година.

Мечот ќе се игра во понеделник на 26. септември од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести