Македонски параскијачи испишаа историја

За првпат во историјата, македонските алпски параскијачи Зоран Јовановски и Вангел Тркаљанов, во придружба на тренерите Јане Стефанов и Петар Илев, настапија на две ФИС трки во Зурс, Австрија.

На двете трки Јовановски го освои седмото место и заработи ФИС точки, додека Тркаљанов не успеа да ја заврши трката.

Претстојат уште трки според ФИС календарот на кои се очекува учество на нашите натпреварувачи, како и подготовки на предвидените кампови за параскијање.

 

- Оглас -

Најнови вести