Македонски репрезентативец потпиша за дански второлигаш

Македонскиот фудбалски репрезентативен дефанзивец Марио Младеновски (19) е нов член на данскиот второлигаш Фремад Амагер. Марио беше на проба во Динамо Киев, но таму не успеа да се наметне, па неговиот менаџер Горан Попов му најде ангажман во Данска.

Младиот играч од одбраната во минатата сезона беше член на Вардар, а лани го имаше дебито за најдобрата македонска репрезентација, откако во ноември настапи на дуелот против Австрија од квалификациите за Европското првенство.

Младеновски веќе е во Копенхаген, а деби во новата средина, во данската прва дивизија, тој ќе може да има на 12 септември, за кога е закажан првиот меч на Фремад во новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести