Македонски судија ќе ја дели правдата на големото грчко дерби!

Најдобриот македонски судија Александар Ставрев ја доби довербата да биде главен делител на правдата на големото грчко дерби меѓу ПАОК и Олимпијакос. Ставрев е делегиран за судија по барање на Грчката фудбалска федерација.

Ова не е првпат странски судија да биде главен арбитер на дуелите меѓу ПАОК и Олимпијакос. Претходно правдата ја има делено и прославениот германски судија Феликс Брих.

Дуелот се игра на популарниот стадион „Тумба“ во Солун, а Олимпијакос веќе одамна е промовиран во шампион. Гигантот од Атина има 76 бодови, дури 25 повеќе од ПАОК, кој е на третото место, зад градскиот ривал Арис, кој има 54 бодови по 29 одиграни кола.

 

- Оглас -

Најнови вести