Екипата на ракометниот клуб Вардар 1961 утре гостува кај хрватскиот Сесвете во натпревар од ЕХФ Европската лига, а тимот по пристигнувањето во Загреб беше посетен од македонскиот Амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски.
Некогашниот директор на поранешната Агенција за млади и спорт е докажан поддржувач на македонските спортисти и Вардар му е во срцето, па не ја пропушти приликата кога Црвено-црните се на „негов терен“ да ги посети и да им посака успех, а тие му подарија дрес со автограми.
Вардар е фаворит против тимот кој во Скопје го совлада со 34-29, а триумф во Загреб ќе значи и сигурен пласман за Вардар во наредната фаза.

