Третото по ранг натпреварување на УЕФА, Конференциската лига, денеска ги доби осминафиналните двојки, а потоа беше направен и распоредот за тоа како би изгледале можните четвртфинални парови, па дури и кои би биле евентуалните двојки во полуфиналето.
Тимот на Борац од Бања Лука испишува историја со пласманот меѓу најдобрите 16, а во својот тим ги има Бобан Николов и голманот Дамјан Шишковски. Следен ривал на Борац ќе биде Рапид Виена.
Првиот фаворит за трофејот, тимот на Челзи, ќе игра против Копенхаген, а дербито ќе биде меѓу Панатинаикос и Фиорентина.
ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕТО
Бетис – Виторија
Јагелонија – Серкл Бриж
Целје – Лугано
Панатинаикос – Фиорентина
Борац Бања Лука – Рапид Виена
Пафос – Ѓургарден
Молде – Легија Варшава
Копенхаген – Челзи