Македонскиот дуел на Кипар донесе голчиште – Спировски со бомба од 30 метри го торпедираше Шишковски (Видео)

Стефан Спировски постигна фантастичен гол со удар од над 30 метри на пријателскиот меч меѓу Докса и АЕК Ларнака, а бомбата што ја упати со десната нога заврши во аголот на голот што го бранеше Дамјан Шишковски.

Македонскиот предизвик на пријателскиот меч донесе голчиште што не се гледа често, а го режираше нашиот репрезентативец.

За АЕК Ларнака играат и капитенот на тимот и најдобар клупски стрелец Иван Тричковски и стоперот Даниел Мојсов, а во таборот на Докса, покрај голманот Шишковски, игра и неговиот некогашен соиграч од Работнички, Душко Трајчевски.

 

- Оглас -

Најнови вести