Македонскиот кошаркарски селектор има нов клуб

Селекторот на машката македонска кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, има нов клуб откако денеска постигна договор за преземање на косовскиот тим Башкими.

Јончевски утре треба ќе почне да работи со својот нов тим, а дебито на клупата ќе го има в сабота, на дуелот со неговиот поранешен клуб Трепча. Башкими во моментов е шести на табелата во лигата во која има осум тима, со скор 4-8 по 12 одиграни кола.

Во тренерската клупска кариера, Јончевски како главен тренер ги водел МЗТ Скопје, Спартак, Гостивар, Трепча и Кожув.

- Оглас -

Најнови вести